„Мораме полека да се отвориме и кон работна сила која што ќе доаѓа од регионот или пошироко затоа што има работни места кои што мора да се пополнат, но клучот е тоа дека мора да се реши недостатокот на сила со нашите луѓе во државата. Сега имаме стапка на невработеност од 12,6%. Сакаме да ја симнеме на 7%. Над 50% е потенцијалот кај жените кои што не е искористен затоа што тие не се дел од пазарот на труд и таму го гледаме решението. Тврдам дека за моите граѓани треба да има работа ама и достоинствени плати, “ рече Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на парламентарната листа на СДСМ во ИЕ 2, во Вин Вин на ТВ Телма.

Тој посочи дека има голема разлика дали еден денар е потрошен и се сметаат како трошок или еден денар задолжен се смета како инвестиција.

„Ние тврдиме дека во овие 7 години секој еден денар за кој што сме се задолжиле го имаме инвестирано. Каде? Во човечкиот капитал, кај луѓето. И следната програма на СДСМ се заснова на клучниот фактор, а тоа е човечкиот капитал,“порача Битиќи.