Иако беше ветено одлуката за намалување на платите на функционерите вчера не се најде на владината седница.

– Скроени се измени на Законот за плати за избрани и именувани лица, и со намалувањето на платите треба да се ослободат средства за најранливите категории, најави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи во понеделникот кој тогаш изјави дека на следната владина седница тоа ќе се разгледа.

Но, сепак, не вчера одржаната седница на Владата оваа точка не се најде на дневен ред.

Од април годинава, 1.060 избрани и именувани функционери добија повисоки плати за 78 проценти. Платите на функционерите се зголемија по одлуката на Уставен суд.