Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21

истакна дека одлуката за замрзнати цени не е најдобра мерка.

Според него, истата е нужна кај нас со нарушени пазари.

„Се почитува во маркетите, за жал но не и на зелените пазари. И тоа се случува со поединци. Таму каде што ДПИ ќе стигнат и реално не се придржуваат, се казнуваат. Замрзнувањето на цени не е мерка која треба секоја Влада да ја носи. Не е најдобрата мерка, но е нужна кога имате нарушени пазарни релации. Кај нас сакаме сами да одредуваме правила.“, вели Битиќи.

Битиќи: Замрзнати цени не е најдобра мерка, но е нужна кај нас со нарушени пазари