Криптовалутата биткоин денеска достигна рекордна вредност од 28.917 долари.

Трговците со криптовалути продолжија да ја зголемуваат вредноста на биткоинот, со што таа зголеми за повеќе од двојно во претходните три месеци, пренесуваат светските медиуми.

Вредноста на биткоинот во 2020 година скокна за 300 проценти, а само во претходниот месец неговата вредност се зголеми за 50 проценти.