Биткоинот брзо достигнува нови рекордни висини по кризата со криптовалутите пред 3 години.

Дигиталното средство, кое некогаш беше презентирано како алтернатива на националните валути, додаде 2,6% на својата вредност до 18.092 долари за време на раното тргување во средата.

Цената на криптовалутата е зголемена повеќе од двојно оваа година, предизвикувајќи спомени од 2017 година, кога порасна за 1375% пред брзо да пропадне за 70 проценти потоа.

“Трговијата со биткоин е луда. Само Господ знае каде оди повторно”, рече главниот стратег за маркетинг на „Милер Табак + Ко“  Мет Мајли, цитиран од Блумберг.

Фановите на дигиталната валута со интерес го следат нејзиното движење оваа година, при што многу аналитичари веруваат дека нејзината цена може да го достигне претходниот рекорд од скоро 20.000 УСД, а други дури очекуваат да помине.

Од почетокот на 2020 година, биткоинот се зголеми за 150%, сè уште останува околу 10% под највисоката вредност во својата историја.