Дигиталната валута биткоин зајакна денес за над два проценти и достигна ново рекордно ниво од 52.757 американски долари.

Најпопуларната криптовалута во светот соборуваше свои рекорди веќе неколку недели, а пред три дена ја надмина границата од 50.000 американски долари.

Во последната година, вредноста на биткоинот се зголеми седум пати.

Растот на неговата вредност беше стимулиран од голема инвестиција од производителот на електрични автомобили „Тесла“, кој купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.