Биткоинот денеска првпат го надмина нивото од 51.000 долари, достигнувајќи вредност од 51.715 долари, нов најголем рекорд досега, според податоците на Коин Метрикс.

Веројатно големите инвестициски банки на Волстрит се многу заинтересирани за купување на најголемата светска криптовалута.

Од „ЈП Морган“ неодамна порачаа дека се сериозно заинтересирани за вложување во оваа дигитална валута, а интерес за криптовалути покажал и „Голдман Сакс“, но и „Морган Стенли“ наводно размислува за додавање на биткоинот на својата листа на евентуални влогови.

Компаниите како што се ПејПал и Мастеркард веќе дадоа огромна поддршка за оваа криптовалута, додека „Тесла“ минатата недела соопшти дека вложил 1,5 милијарди долари во купување на биткоини и планира да ги прифати овие виртуелни пари како средство за плаќање на неговите производи.

 

МИА