Најважната криптовалута биткоинот порасна до нивото од 16.000 долари, што е негово највисоко ниво од јануари 2018 година.

Станува збор за дневен скок од 4 отсто, на 15.945 долари, за што аналитичарите сметаат дека е последица на неизвесноста околу американските избори.

Биткоинот е на мета на оптимистите во текот на целата оваа година, поради што двојно ја зголеми својата вредност. Неговиот голем скок доаѓа благодарение на невидениот поттик на глобалните влади и централните банки во текот на пандемијата од коронавирус, за кои некои познавачи од индустријата веруваат дека виртуелната валута ја направила попривлечна од класичните валути како доларот.

-Создавањето на биткоинот делумно беше поради стравовите дека зголемениот фискален поттик ги девалвира валутите на глобално ниво, рече Симон Петерс, аналитичар за криптоасетс на инвестициската платформа еТоро.

Додаде дека како резултат на тоа, кога централните банки ќе најават крупни планови за вбризгување на пари во економиите, многу вложувачи во крипто заедницата тоа го сфаќаат како главен сигнал за купување на биткоини.