Вредноста на биткоинот може да скокне до 100.000 $ до крајот на 2021 година, според инвеститорот во криптовалути Ентони Помплиано. Оваа дигитална валута се тргуваше во средата по цена од дури 19.389 долари, што го приближува биткоинот до својот максимум достигнат во 2017 година.

Помплиано, коосновач на Морган Крик Дигитал, за CNBC во средата изјави дека побарувачката за валутата брзо ја надминува понудата, особено по нејзиното „преполовување“ во мај, кога бројот на биткоини доделени на „рударите“ беше преполовен. Ова се случува приближно на секои четири години и служи за ограничување на понудата на биткоини што доаѓаат на пазарот, пренесува Business Insider.

„Биткоинот е победник во вежбата за понуда и побарувачка“, рече Помплиано.

Помплиано додаде дека моменталното макроекономско опкружување е практично „ракетно гориво“ за биткоинот. Ниските каматни стапки, печатењето пари и целта на инфлацијата на Федералните резерви од 2 проценти ги донесоа малопродажните и институционалните инвеститори kaj биткоинот, рече тој.

Инвеститорот исто така рече дека Џенет Јелен, изборот на нов претседател на САД, Џо Бајден, за министер за финансии, е „озлогласен“ по толерирање на повисоки нивоа на инфлација, и дека ова исто така може да ја зголеми цената на биткоинот.

„Мислам дека не е толку лудо да се види цената на биткоинот на 100 000 $ до крајот на 2021 година“, рече Помплиано. „И ако продолжиме да добиваме сè поголеми клиенти, не би бил изненаден да видам дури и бројки над 100 000 долари.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк