Денес околу 11 часот еден биткоин вредеше околу 53.600 долари, пад од 4,6 проценти во последните 24 часа. Оваа вредност практично го продолжи континуираниот пад на најпопуларната криптовалута во светот, која вредеше 7 пати помалку пред само година и пол.

Спротивно на тоа, втората најпопуларна криптовалута – ethereum, во моментов бележи рекордни вредности, бидејќи ја надмина границата од 2.480 долари. Во последните 24 часа, оваа криптовалута порасна за повеќе од 7%.