Биткоинот падна под 30.000 УСД во четвртокот, и продолжи да паѓа откако се зголеми за четири пати во минатата година.

Дигиталната валута падна за 17 проценти на 29.246,67 долари, бришејќи од пазарот 100 милијарди долари, покажуваат податоците на CoinDesk.

Сега падот е поголем од 30 проценти однајвисокото ниво од 41,940 американски долари претходно овој месец.

Најновиот пад, кој доаѓа без јасна причина, ја нагласува нестабилноста на валутата, која стана популарна инвестиција за трговците во последниве години, иако сè уште има ограничена примена во реалниот свет.

Биткоинот порасна за повеќе од 300 проценти во 2020 година, затворајќи ја годината со вредноста што ја има сега во моментов.

Етереум, дигиталната валута која е втора по вкупната вредност, падна уште повеќе во четвртокот – 22 проценти на 1.053,80 американски долари.

Според CoinDesk, сега е 27 проценти под највисокото ниво од претходната недела. Етереумот минатата година порасна за 471 проценти.