Цената на биткоинот по втор пат оваа недела скокна над нивото од 48.000 долари, достигнувајќи нов максимум на сите времиња, а банката „Њујорк Мелоун“ објави дека ќе обезбеди услуги на чување на дигитални средства.

Највредната криптовалута во светот денес постави нов рекорд од 48.297 долари во тргувањето утрово во 8.30 часот по источно-американско време, покажуваат податоците на порталот „Coin Desk“, пренесува Танјуг.

Претходно се тргуваше повеќе од 7,0 проценти, на околу 47.913 долари, пренесува Си-Ен-Ен.

Њујоршката банка Малоун, најстарата банка во САД и водечки чувар на имот во разни облици, објави денес дека ќе започне да финансира биткоини и други криптовалути.
Таа додаде дека со текот на времето, тоа ќе овозможи тргување со криптовалути преку истата финансиска мрежа што во моментов ја користи за повеќе традиционални хартии од вредност како што се американски државни обврзници и акции .