Цената на биткоин може да надмине 50.000 долари на долг рок, бидејќи дигиталните средства продолжуваат да се натпреваруваат со златото за инвестиции, според берзата за криптовалути Luno и брокерската фирма OSL, цитирана од „Блумберг“.

„Зборуваме за биткоин во текот на следните три, пет, десет години, полека се оддалечуваме од пазарната капитализација на златото“, рече за „Блумберг“ во вторникот Виџај Ајар, шеф на азиско-пацифичката крипто-берза Luno во Сингапур. Ако се случи тоа, „токенот ќе се зголеми во цената за нешто повеќе од 50.000 $“, додаде Ајар.

Вредноста на биткоинот минатата година се зголеми за четири пати и на крајот достигна рекордно високо ниво од скоро 42.000 долари на почетокот на јануари, пред да падне за околу 10.000. Релито предизвика раздор во гледните точки, при што некои коментатори наведуваа зголемен интерес од долгорочни инвеститори, додека други наведоа шпекулативно купување.

Додека биткоинот е популарен за тргување, „она што го гледаме на пазарот е купување како алатка за заштита од инфлација и како дигитално злато“, рече Мет Лонг, раководител на дистрибуција и клучен брокер на дигиталната платформа на средства OSL во Хонг Конг.

Предвидување на цената на биткоинот е предизвик, но најверојатно ќе се зголеми на долг рок, бидејќи фондовите и семејните канцеларии (приватни компании кои управуваат со инвестиции и богатство на одредено семејство, обично со повеќе од 100 милиони американски долари) насочуваат 0,5% или 1% од нивните портфолија во криптовалути, додаде Лонг.

Биткоинот, кој се зголеми за 9 проценти оваа година, се тргува за нешто над 32.000долари во моментот на пишувањето на материјалот, според CoinMarketCap.