Се зголемува корелацијата помеѓу движењето на цената на биткоинот и златото.

Биткоинот ја искористи можноста што ја отвори економската нестабилност и пресврт на банкарскиот пазар и оваа година за само три месеци порасна за неверојатни 68 проценти. Со тоа во голема мера го надмина златото кое до почетокот на април беше во минус, а моментално е во плус од 8,5 отсто од почетокот на годинава. Затоа, не е изненадување што податоците покажуваат зголемување на инвеститорите во биткоинот како средство за долгорочно зачувување на вредноста.

Колапсот на банката Силвергејт ја зголеми цената на златото, која до тој момент беше во минус. Влијанието на банкарските кризи ја зголеми цената на златото на над 2.000 долари, што веќе беше видено набргу по руската инвазија на Украина.

Во времетраењето на оваа економска криза, најпогодени беа технолошките акции, кои во последната деценија ги урнаа сите рекорди на принос и поврат. И покрај ова, индексот Nasdaq 100 повторно влезе во позитивен тренд на тргување бидејќи порасна за над 20 отсто од рекордно ниските цени во декември минатата година.

Ако ја споредиме пазарната капитализација на златото со биткоинот, може да забележиме намалување на вкупната вредност на средствата во злато. Во моментов, вкупната пазарна капитализација на биткоинот се проценува на 366 милијарди американски долари, додека пазарот на злато сè уште е доминантен со 11 трилиони американски долари. Ова не води до заклучок дека биткоинот мора да порасне 30 пати за да се изедначи со кралот на благородните метали.

Според Ден Хелд, ако златото се изедначи со биткоинот, вредноста на еден биткоин би требало да биде околу половина милион американски долари.

Авторот на бројни финансиски книги Роберт Кијосаки, кој се прослави со титулата Богат татко сиромав татко, на социјалните мрежи предупреди за состојбата на глобалната економија. Тој е убеден дека благородните метали, како и биткоинот, се добри алатки за борба против инфлацијата и економската нестабилност.