Koja е мисијата на Купи На Рати

Во услови на пандемија, онлајн продавниците се повеќе и повеќе ги заменуваат физичките продавници, а онлајн купувањето целосно го промени начинот на кој купуваме.

Живееме брзо секојдневие каде времето е најважно и тоа ни налага сите обврски да ги завршуваме поефикасно, побезбедно и побрзо.

Целта и мисијата на Купи На Рати (www.kupinarati.mk ) е олеснување на секојдневието, со пазарување од дома, брзо и лесно, и тоа на рати. Купи На Рати е првата македонска онлајн продавница каде што може да купувате најразлични производи и услуги на рати, и притоа каматите да не бидат превисоки. Со Купи На Рати може да купувате повеќе производи,а да не плаќате огромна сума наеднаш. Раздели па плати е одлична стратегија во денешно време.

Како се започна?

Нашата приказна започна пред 3 години. Тројца млади личности, развија иновативна идеја која во основа е онлајн продавница која што ќе го олеснува секојдневието на граѓаните во државата и ќе им биде на располагање 24/7 од било која локација, а истовремено ќе мисли на рационалност на буџет, односно опција да се купува на рати. Тројцата доаѓаме од две различни бранши, едната е финансии, а другата е ИТ или поконкретно кога ќе се спојат идеите и искуствата на двајца програмери од ИТ секторот (Стефан Талевски и Стефан Јончески) и еден економист од сметководствениот сектор (Радојка Димитријеска Јошевска) – резултира Купи На Рати.

Кои се ваши клиенти?

Наши клиенти  се сите граѓани кои  што се во редовен работен однос во рамките на територијата на нашата држава, а имаат потреба од производ или услуга на рати.

 

Кои се ваши соработници?

Соработуваме со голем број на компании, но и мали бизниси од целата земја кои се со долгогодишно искуство во својата дејност. Нашите соработници на Купи На Рати нудат најразлични производи и услуги, како: мобилни телефони, електроника, лаптопи, бела техника и апарати за домаќинство,дом и градина,мебел, велосипеди и електрични тротинети, мотори, инвертер клими, обуки и курсеви, стоматолошки услуги, козметички услуги, патувања и многу други. Ние ги поддржуваме и малите бизниси кои сеуште немаат свој веб-сајт. Затоа ги повикувам сите оние мали и микро бизниси кои во ова време сеуште немаат онлајн продажба, да ме контактираат бидејќи можеме да склучиме соработка која ќе им помогне во време кога онлајн продажбата е од есенцијално значење.

 

Како новите брендови во Вашиот е-простор можат да бидат успешни?

Новите брендови кои стануваат дел од нашата онлајн продавница добиваат многу предности. Купи На Рати посветува особено внимание на дигиталниот маркетинг и промоцијата со што на тој начин ги промовира и рекламира и компаниите кои се соработници. Користиме иновативни технологии и нови методи кои ги приближуваат производите и услугите од нашите партнери до купувачите на кои им се најпотребни. Купи На Рати опфаќа широк спектар на производи и услуги од најразлични брендови кои го задоволуваат секој вкус и секоја потреба.

 

 

Кое е вашето мислење за е/трговијата?

E-трговијата повеќе не е избор, туку таа е неопходен дел во секојдневното функционирање на секој од нас. Исто така, е-трговијата е еден од клучните фактори за секоја компанија која сака да расте и да се развива, да просперира и да оствари конкурентска предност на пазарот.

Исто така време е да се посвети внимание на бизнисите кои наводно работат онлајн, а всушност работата на црно. Сега е пторебно да се зголеми свеста за безбедното онлајн купување, бидејќи постојат огромен број на т.н. Онлајн продавници кои “продаваат“ само преку социјалните медиуми и често не ги доставуваат производите или пак доколку е потребна замена воопшто и не враќаат, ниту пак одговараат на повици. Секогаш пред да купуваме онлајн, потребно е да провериме дали тоа е сосем безбедно, па потоа да ги оставаме нашите податоци.

 

Кој е најдобриот комплимент кој сте го добиле од клиент?

 

  • Поголемиот дел од комплиментите се однесуваат на тоа колку е добра и брза услугата на Купи На Рати и дека ефикасно работиме. Во главно, нашите клиенти се задоволни и тоа го искажуваат преку коментари, препораки и слично на социјалните мрежи, како и word to mouth кој многу ни значи.

 

Дали ги советувате трговците како да ги подобрат резултатите со ваша помош?

Ги советуваме и им нудиме најразлични начини за да обезбедат конкурентска предност на пазарот. На нашиот сајт кој брои 800+ посети на дневно ниво и  6.000 + на неделно ниво, имаме простор кој е специјално наменет за поставување на банери од други трговци и продавници. Бројот на посети на kupinarati.mk го подобрува работењето на другите продавници кои поставиле банери и им овозможува поголем број на потенцијални клиенти. Освен банерите, ги вклучуваме во акции и промоции кои ги организираме и промовираме ние, а на тој начин ги рекламираме и нив.

 

Дали расте довербата во онлајн купувањето?

Со оглед  на ситуацијата во која сме веќе една година, мислам дека довербата во онлајн купувањето е драстично зголемена од страна на луѓето. Секојдневно се зголемува бројот на онлајн нарачки во нашата земја и сумата на трансакции од онлајн купување. Онлајн купувањето е достапно 24 часа на ден, 7 денови во неделата и овозможува шопинг избор за неколку минути,а онлајн продавнциите се најдобро место за купување на услуги или производи, кои што се на располагање веднаш.

Сепак треба да бидеме претпазливи во однос на нелегалните бизниси на онлајн пазарот. Добро е да купуваме онлајн но од правни субјекти кои се регистрирани, имаат свој ЕДБ или па се регистрирана трговска марка, бидејќи на тој начин сме сигурни и безбедни со нашите финансиски средства.

 

Колку ваквите платформи ги следат светските трендови?

Ваквиот тип на платформи, како Купи На Рати се во чекор со светските трендови и најновите иновации. Постојано се усовршуваат и постојано работат на нови идеи кои би го олесниле целиот процес на купување и би му ја овозможиле најдобрат ауслуга на клиентите.

Во светот постојат голем број на ваков тип на онлајн продавници, а би ја издвоила Германската Otto како една од подобрите (https://www.otto.de/) .

 

Како да се исполнат очекувањата на купувачите?

Разновидна и широка понуда е најдоброто кое една онлајн продавница може да им го понуди на купувачите. Исти производи од различни брендови, производи со различни карактеристики и различни услуги се некои од начините за да се исполнат високите очекувања на купувачите. Во центарот на секоја компанија фокусот треба да биде ставен на задоволството на купувачите.