Бизнис заедницата и економските аналитичари во земјава очекуваат повисока стапка на инфлација оваа година од првичните очекувања. Во последната анкета спроведена на НБРМ поскапувањето ќе биде неизбежно поради состојбата со цената на струјата, гасот, состојбата со вирусот како и проблемите со набавка на производи.

„Малку повисоки се очекувањата за 2022 и 2023 година, при што испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,8% во 2022 година (2,5% во претходната анкета) и 2,4% во 2023 година (2,3% во претходната анкета). Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објаснуваат своите инфлациски очекувања во најголем дел со проблемите во синџирите на снабдување, повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата.“

Министерот за финансии Фатмир Бесими останува на ставот дека оваа година инфлацијата ќе почне да се намалува, а стабилизацијата на цените ќе почне по јуни годинава. Очекувањата на Владата се оваа година инфлацијата да биде на ниво од 2,4 проценти.

„Најавите се дека во вториот квартал од оваа година ќе почне ублажувањето на ефектите од енергетската криза, и од втората половина од оваа година ќе се стабилизира како енергетска криза така и ценовната криза.

Поскапувањето на храната според анализите на Светската организација на храна втурна 44 милиони луѓе во сиромаштија. Цените на храната вкучително и за основните прехрамбени производи според нивните анализи  забележале раст од 28 проценти.Последните податоци кај нас бележат раст на цените од 3,6 насто според податоците на државниот завод за статистика.