nafta 2Цените на нафтата во понеделникот на светските пазари благо паднаа, поради загриженоста дека исходот од состанокот на производителите на нафта во Катар, за замрзнување на сегашното ниво на производство, нема да го намали јазот помеѓу понудата и побарувачката.

На американскиот пазар цената на нафтата падна за 27 центи на 41.67 $. На пазарот во САД нафтата се тргува по цена од 39,51 $, односно 21 центи пониска во споредба со затворањето на тргувањето во петокот.

Аналитичарите на инвестициска банка Goldman Sachs очекуваат цената на нафтата во вториот квартал во просек да изнесува 35 $ за барел, предупредуваат дека исходот од состанокот на производителите на нафта може да предизвика притисок на цените на нафтата.

И аналитичарите од британскиот Barclays, предупредуваат дека состанокот може да има ограничено влијание затоа што некои производители, кои имаат потенцијал да го зголемат производството, најверојатно нема да се приклучат на замрзнување на производство.