На меѓународните девизните пазари девизните курсеви на доларот, еврото и на јенот благо осцилираа, а по стабилизирањето на цените на нафтата под мал притисок беа валутите чие движење е тесно поврзано со движењето на цените на производите.
Еврото зајакна малку во однос на доларот, на 1,0961 $. Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот кон шестте водечки светски валути, се намали за 0,1 проценти.
Падот на цените на нафтата под 50 $ за барел, во прилог со превирањата на кинеските берзи и ризикот за глобалниот економски раст, укажуваат на нервозна средина за новите монетарни потези на Банката на федерални резерви, до крајот на годината.
Откако во САД во текот на последните седум години каматните стапки беа на речиси нула проценти, нивно зголемување ќе биде шок за многу економии, особено за земјите во развој, велат аналитичарите.
Загриженоста од таквите постапки е голема и за кинеските компании, кои имаат позајмено многу во долари.
Во потрага по нови насоки во врска со временската рамка во која Банката на федерални резерви може да ги зголеми каматните стапки, инвеститорите ќе го следат внимателно последниот извештај за вработувањето во САД, кој се очекува во петок.