Блокчејн ќе биде најбараната вештина во 2020 година, откриваат новите истражувања на социјалната мрежа LinkedIn.

Само што пристигнаа информациите од годишниот список на LinkedIn за најбарани вештини при вработување, и познавање на блокчејн технологијата се најде на врвот на најбараните вештини во 2020 година, според објавата на LinkedIn Learning.

Во 2019 година, блокчејн ги надмина вештините како што се cloud computing, аналитичко расудување, вештачка интелигенција (AI) и дизајн на корисничко искуство (UX), со што стана најбарана вештина кај глобалните работодавци во 2020 година.

Особено, побарувачката за вештини што ги бараат работодавците се мери со утврдување на вештините наведени на профилите на LinkedIn на луѓе кои се вработени. Анализата опфати само градови со најмалку 100,000 жители активни на LinkedIn.

За разлика од „меките вештини“ (soft skills), „тешките вештини“ (hard skills) се однесуваат на вештини што вклучуваат способност на вработените да извршуваат одредена задача и вклучуваат специјализирани знаења и технички вештини како што се развој на софтвер, даночно сметководство или правни професионалци. Меките вештини, од друга страна, се вештини кои се однесуваат повеќе на начинот на извршување на овие задачи – како вработените се прилагодуваат на работната средина, како соработуваат, решаваат проблеми и способноста за донесување одлуки.

LinkedIn е убеден дека блокчејн се соочува со светла иднина. LinkedIn го истакна огромниот потенцијал на блокчејн технологија во однос на обезбедување на ефикасност на трошоците и времето, безбеден и децентрализиран метод за следење на трансакциите од сите видови.

Нагласено е дека многу напредни светски компании како што се IBM, Oracle, JPMorgan, Amazon, тука се и LinkedIn и Microsoft активно ја применуваат оваа технологија. Со ова истражување се зголемува свеста за важноста на блокчејн технологијата.

Блокчејн во последно време речиси целосно се разграничи од некогаш непознатиот свет на криптовалутите, со цел да стане деловно решение на иднината во потрагата по ефикасно решавање на проблемите. Тоа значи дека не мора да сте некоја финансиска институција или да нудите финансиски услуги за да барате кадар за вработување кои има познавање и искуство со блокчејн технологија, туку оваа нова иновативна технологија може да се применува во сите сфери на работењето без разлика каква дејност извршува компанијата.