Македонска берза ги сублимираше остварените резултати во првиот квартал од оваа година, при што блок трансакциите го движат главниот промет на берзата, а растат и тргувањата со акции на класичен начин. Блок трансакциите веднаш се издвојуваат во првите три месеци од 2018-та во споредба со истиот квартал во 2017-та со тоа што има раст од неверојатни 900%, односно извршени се трансакции со вкупна вредност од 3,2 милијарди денари или за околу 3 милијарди денари повеќе од годината претходно. 

Раст од 33,6% е забележан кај класичното тргување со акции и тоа се добри знаци за почетокот на годината. Одличен раст има и кај вкупната пазарна капитализација на котираните друштва со вкупна вредност од 142 милијарди денари или раст од 17,2% во однос првиот квартал во 2017 година.

Главниот промет во овој дел го реализираше блок трансакцијата на Комерцијална банка, откако странските инвестициски фондови го продадоа својот удел, а пакетите акции сите под 5% од сопственичкиот удел ги преземаа компании од домашниот пазар.

Исто така за одбележување е и продажбата на НЛБ Нов пензиски фонд на Сава Ре кои сега влегоа на пазарот на приватното пензиско осигурување во Република Македонија, со преземање на сите акции преку Македонска берза.

Најголем пад на котираните компании на берза се бележи во областа на градежништвото и сите домашни градежни друштва имаат пад на добивките во К1 2018 во споредба со К1 2017. Падот во градежништвото изнесува речиси 70% со реализирана нето добивка од само 130 милиони евра.

Банкарскиот сектор, пак од друга страна има солиден раст од 8,34 % со нето добивка на котираните банки од 5,7 милијарди денари.

Извор: Фактор