Богатството на најбогатиот човек на светот, Eлон Мaск, продолжува да ги руши сите рекорди. Неговото богатство неодамна надмина 200 милијарди долари, а веќе помина уште една магична граница, онаа од 300 милијарди долари.

Маск сега има неверојатни 335 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг. Тоа е најмногу што имал кој било човек во поновата историја.

Неговото богатство доаѓа од производителот на електрични автомобили Тесла, чии акции се во фокусот на инвеститорите. Денес, Тесла е убедливо највредната автомобилска компанија во светот.

Некои аналитичари сметаат дека Маск би можел да биде првиот зилијардер во светот, односно првиот човек чие богатство ќе надмине илјада милијарди долари.

На второ место е основачот на Амазон Џеф Безос со 193 милијарди долари.