Нето-вредноста на извршниот директор на Фејсбук Марк Закерберг надмина 100 милијарди американски долари за прв пат откако акциите на таа социјална мрежа скокнаа за време на пандемијата на коронавирусот.

Според извештајот на „Блумберг“, со такво огромно богатство, Цукерберг им се придружил на сопственикот на „Амазон“ Jеф Безос и ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, чија нето вредност веќе надмина 100 милијарди долари.

Тројцата, наводно, се единствените луѓе во светот чие богатство вреди најмалку 100 милијарди долари, пренесува Business Insider.

Веста за зголемувањето на богатството на Закерберг беше објавена откако Фејсбук го лансираше Instagram Reels, опција која многумина ја гледаат како конкурент на „TikTok“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп најави воведување на забрана за американски трансакции со две кинески компании – ByteDance, сопственик на апликацијата TikTok за споделување видео содржини и Tencent, операторот на апликацијата за апликација за пораки Wechat.