Професорот на правниот факултет „Јустинијан Први“, Борче Давитковски, за ТВ24 вели дека мора да се направат вистински реформи во јавниот сектор и по цена да се загуби власт во услови на економска криза.


20 до 30 отсто од буџетот се даваат за плати, каде е развојаната компонента: Ние одиме во правец на банкрот држава. Ние ако вака продолжиме да се задолжуваме, некој ќе мора да ги враќа тие кредити. За да имаме вистински реформи треба заедно за одредени стратешки развојни цели да се договорат власта и опозицијата, како да се скрати јавната администрација, да се реформира енергетскиот, здравствениот и образовниот систем. На тоа да се потпишат и да се придржуваат.

Инаку вака не гледам начин како да излеземе од кризата. Има 1.324 организациони форми во јавниот сектор или органи и секој работи на посебен начин и за нив треба да има посебна методологија за тоа како да си ја заслужат платата. Имаме 16 министерства со измешани надлежности и треба да се види колку чуѓе се потребни за еден, втор или трет сектор, вели поранешниот декан.

Давитковски смета дека во државната администрација бројката од 18 до 19 илјади вработени е задоволителна, но во јавниот сектор како поширок поим таа е преголема.

Во образование имаме 40.000 вработени, пола се администрација и даватели на услуги., Во Здравство има до 22.000 вработени. Да не ја споменувам културата и јавните претпријатија.

Оптимална бројка за наредни пет години е таа да се преполови и да дојдеме до бројка од 100.000. Тоа би било идеална стартна основа., Тоа не се прави преку ноќ, ќе бидат потребни закони и политички компромис. Платите во буџетот барем да ги сведеме на 10 до 15 отсто, смета професорот.