НЛБ Банка преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Управниот одбор на Банката.

„Ве известуваме дека на ден 22.12.2021 година, Г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје поднесе оставка од функцијата во која е наведено дека ќе продолжи да ја извршува својата функција како Претседател на Управен Одбор до 31.12.2021 година” – се вели во соопштението на Банката.

На ден 29.12.2021 година Народната банка на Република Северна Македонија издаде претходна согласност со која Г-дин Бранко Грегановиќ е именуван за Претседател на Управниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје почнувајќи од 01.01.2022 година.

Бранко Грегановиќ има повеќе од 20 години искуство на високи позиции во банкарскиот и реалниот сектор. Тој е поранешен Главен извршен директор и Главен финансиски директор на НЛБ Банка Белград.

За време на неговите седум години на чело на НЛБ Банка Белград, банката обезбеди профитабилно работење и забрзан раст од 15% до 20% годишно. Така, Банката го отвори патот за преземање на една од водечките банки на српскиот пазар, Комерцијална банка, од страна на НЛБ д.д., во декември 2020 година. По аквизицијата, банките во НЛБ Групацијата имаат една од првите топ-три и системски важни позиции на сите пазари на кои работи Групацијата.

Грегановиќ покрај тоа што ќе биде нов Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, ќе ги преземе и функциите на Главен извршен директор и Главен маркетинг директор.