Британската мултинационална инвестициска банка, Баркли, на своите помлади вработени им предложи да земаат бесплатни саботи и да резервираат најмалку две петдневни паузи годишно, за да избегнат преголема работа и исцрпеност при работа. Според извештаите во медиумите, банката ги повикала аналитичарите и соработниците да не работат од петок во 21 часот до недела во девет, освен во неизбежни ситуации.

Управата на банката наведува дека промените во ритамот на работа ја изразува културата на грижа за менталното здравје на вработените, како и, „динамиката на работа од дома.”

Работната култура во банкарскиот сектор неодамна се најде во центарот на вниманието на јавноста кога банкарите на Голдман Сакс се заканија дека ќе се откажат од работата затоа што работеле во просек 95 часа неделно, барајќи да се подобрат условите. Банката потоа презеде чекори за решавање на заморот на вработените. Канадските банки им понудија на вработените да земат слободен ден доколку се чувствуваат презаситени.

Блумберг проценува дека деловната култура во инвестициските банки веројатно нема да се промени значително. Претходните ветувања за промена на практиките не се реализираа дури и по смртта на над-ангажиран приправник од “Банката на Америка” кој во 2013 година работеше нон-стоп 72 часа, пред да почине.

“Бизнис инсајдер” во март објави дека Аполо им понудил на своите млади соработници во Њујорк бонуси од 100.000, 150.000 и 200.000 американски долари за нивната прва, втора и трета година од вработувањето. Претходно, седум од 30 вработени ја напуштија работата, жалејќи се дека мораат да работат 20 часа на ден. Основните годишни плати на најмладите експерти се околу 450.000 долари. Фактот дека Аполо им понудил на вработените повеќе пари наместо слободни денови, треба да биде доказ дека нивната работа оди добро.

Амазон никогаш не се покажал подобро отколку од почетокот на пандемијата. Приходите се повеќекратни, а основачот на компанијата Џеф Безос доминира како најбогата личност на планетата. Бидејќи профитот на компанијата вртоглаво растеше, од вработените се бараше да ја зголемат брзината. Џенифер Бејтс, вработена во Амазон, сведочеше минатиот месец во американскиот Сенат за условите за работа. Таа рече дека смените се предолги, дека темпото е „супер брзо“ и дека има впечаток дека Амазон смета дека вработената е „друга машина“, објави S & PGlobal.

Растечката нееднаквост стана тема што тешко може да се игнорира, па Националниот одбор за труд на САД неодамна му нареди на извршниот директор на Тесла, Илон Маск, да избрише објава од Твитер во 2018 година во која тој коментираше за разрешување на синдикален активист, кому мора да му даде исто време да работи. Тесла исто така е должен да му надомести на отпуштеното лице за три години заработка, придобивки и неповолни даночни последици што произлегле од отказот.