stock-footage-globe-and-graphs-blue-stock-market-loopable-background43237ca5750e648bb74cff00002763a0Британската фунта во понеделникот скокна на меѓународните девизни пазари, откако анкетите на јавното мислење во текот на викендот покажаа предност на заговорниците за останување на Велика Британија во Европската унија, поради што инвеститорите станаа склони кон ризични инвестиции, па јапонската валута ја изгуби својата атрактивност.

Вредноста на фунтата во една таква средина во однос на доларот скокна за 1,7 проценти, на 1,4604 $. Опоравувајќи се од најниско ниво во повеќе од два месеци од 1,4013 $, на кое се спушти во четвртокот.

Дури два проценти фунта отскокна во однос на јенот на 152,51 јени.  Во однос на еврото фунтата ослабе за еден процент на 77,75 пени.

Доларот во однос на јенот се зголеми за 0,5 проценти на 104,66 јени. Еврото во однос на јенот зајакна за 1,3 проценти на 118,87 јени. Еврото во однос на доларот се зголеми за 0,7 проценти на 1,1353 $, што придонесе за пад на долар индексот за 0,6 проценти, на 93,589 поени.