Централна Банка на Англија им порача на европските финансиски компании дека одреден период по Брегзитот ќе може да работат во Велика Британија под истите правила што важат и сега.

 

Банката  во своето соопштение го поздрави минатонеделниот договор меѓу британската Влада и ЕУ за воспоставување преоден период по Брегзит, што ќе трае од март 2019 до крајот на 2020 година.

 

Предвидено е во преодниот период Велика Британија да остане дел од единствениот европски пазар и од цринската унија на ЕУ, што ќе значи дека за европските банки на британско тло ќе продолжат да важат истите правила како и сега.