Банката на Англија веќе пушти во оптег полимерни банкноти од 5 и 10 фунти, а новата полимерна банкнота од 50 фунти ќе биде издадена следната година.

Новата банкнота од 20 фунти со уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави во банкоматите и платниот промет во Велика Британија од утре. Оваа банкнота е прогласена за „најбезбедна банкнота досега“, пишува Bankar.rs.

Полимерот ќе ја замени претходната хартиена банкнота од 20 фунти. Новата банкнота содржи две обоени фолии за да се спречи фалсификувањето.

Банката очекува половина од сите банкомати низ Велика Британија за само две недели да отпочнат да изадаваат полимерни банкноти од 20 фунти.

Банката на Англија веќе пушти во оптег полимерни банкноти од 5 и 10 фунти, а новата полимерна банкнота од 50 фунти ќе биде издадена следната година.

-Нашите банкноти слават извонредно богато и разновидно наследство на Велика Британија и ги истакнуваат придонесите на нејзините најголеми граѓани. Уметноста на Тарнер беше трансформативна. Задоволен сум што делото на веројатно највлијателниот британски уметник на сите времиња ќе се појави на уште две милијарди уметнички дела – на новите банкноти од 20 фунти, што луѓето ќе можат да започнат да ги користат од денес- рече гувернерот на Банката на Англија, Марк Карнеи.