Буџетарите и по Нова Година ќе може да заработуваат плус бонус до 30 проценти од платата. Владата уште еднаш си донесе Уредба која треба да важи од 1 јануари, со која ќе ги мотивира административците повеќе да се покажат на работните места. Првата вакава уредба беше донесена во август, дента кога владата прогласи кризна состојба на целата територија. Таа важеше до крајот на годинава, а новата ќе трае цела идна година. Право на додаток на платата ќе имаат само дел од административците, и до 30 проценти од вработените во институцијата. Главниот збор  ќе го има шефот. Тој ќе одлучува и за кој временски период ќе важи додатокот, но ќе може да го исплаќа ако има доволно пари во буџетот. За експертите главното прашање е дали тој ќе може објективно да се распредели. Клучниот проблем е што нема да ја зголеми продуктивноста. Велат во услови на криза, прашање е и дали буџетот ќе може да го издржи тој товар.

И синдикалците не се задоволни како Уредбата до сега се применувала. Велат имало примери каде бонус им се делел на нововработени, а не на искусен кадар кој со години работел по интитуциите.

Право на бонус на ќе имаат вработените во централната власт-сите министерства од МВР и одбрана до транспорт култура и екологинја, но и тие во  Владата, секретаријатите за европски прашања и за законодавство, Службата за општи и заеднички работи. Максималниот износ е до 30 проценти од плата,  или по две основи од по 15. Првиот основ е ако вработениот има специфични работни задачи, итно постапуба, постојано е достапен. Вториот основ е ако ја работи работата и на другите колеги- бидејќи си заминале или се отсутни.