Според податоците кои ги обелодени  Министерството за финансии за рализацијата на буџетот во првите три месеци состојбата во делот на економијата е на лош пат.

Реализацијата на капиталните расходи во буџетот изнесува скромни 7,4% што е дополнителен показател дека најголем дел од капиталните проекти во државата се запрени или забавени. Приходите по основ на сите даноци се намалуваат, а единствено раст се забележува кај приходите од акцизите и увозните давачки благодарение на зголемената акциза на дизел горивата.