Според податоците на Евростат, највисока стапка на инфлација во ЕУ во април имало во Бугарија (6,2 проценти), по што следува Хрватска со 5,4 проценти.

После Хрватска, следува Луксембург со 5,2%, Литванија со 4,9%, додека соедна Грција е со 4,6%. Најниска инфлација има во Финска 2,3%, а Малта е претпоследна со 2,4%.

Германија има инфлација од 2,9%, исто како и Италија. Франција е со 2,5% инлација, а Шпанија со 3,5%.

Оваа стапка на инфлација е најлоша после онаа во октомври 2023 година во ЕУ.

Растот на инфлацијата на годишно ниво беше главно под влијание на енергијата, со раст на цените од 17,5 проценти. Цените на услугите, исто така, значително се зголемија на годишна основа, за 8,2 проценти, додека храната, пијалоците и тутунот се зголемија за 3,5 проценти. Цените на индустриските непрехранбени производи, од друга страна, се намалија за 0,6 проценти.