Депозитите на компаниите и домаќинствата во бугарските банки достигнуваат речиси 100 милијарди левови. Според Бугарската народна банка, вкупната вредност на депозитите во најактивниот летен месец е 99,5 милијарди лева (околу 50 милијарди евра).

За само еден месец, сумата е зголемена за 1,3 милијарди лева или околу 1,3 отсто. Тоа најмногу се должи на депозитите на компаниите, кои се над 660 милиони лева, но и на финансиските институции кои растат за околу 500 милиони лева додека депозитите на домаќинствата се зголемени за околу 120 милиони лева.

Натрупувањето заштеди од почетокот на пандемијата се случува при нула каматни стапки, а за компаниите дури и со негативни камати.

И покрај мерките на банките за намалување на слободните средства, заштедите продолжуваат да растат, па за првите осум месеци од оваа година се „натрупани“ речиси 5,5 милијарди лева. Од фирмите се малку над два милијарди левови, од финансиските институции речиси една милијарда додека домаќинствата во банките внеле над 2,4 милијарди левови.

На годишна основа растот и во трите сегмент во август е двоцифрен, а нивното вкупно зголемување е 12 отсто.