90 проценти од компаниите за брзи кредити во Бугарија ги кршат правата на клиентите и ги мамат со своите рекламни пораки. Порталот „24Часа.бг“ советува на што треба да се внимава во договорните клаузули и кои се главните совети доколку итно ни требаат финансиски средства? Пред да се потпише договор за брз кредит, на клиентот мора да му се објасни секој еден аспект – позитивен или негативен, како што е доцнењето на ратите, потсетуваат од Комисијата за заштита на потрошувачите.

„Покрај клаузулите во договорот, важни се и комерцијалните пораки што ги испраќаат до своите клиенти. Ќе ви дадам брз пример: давање заем до 15 минути. Тоа практично е невозможно да се случи“, вели Ангел Џалев, член на Комисијата за заштита на потрошувачите.

Примамливите понуди за лесен пристап до многу потребните готовина доведуваат до потпишување договори кои може да содржат клаузули кои се неправедни и други незаконски, предупредува регулаторот. Друга стратегија е да се зголемат каматните стапки поради неисполнување на обврските.

Кредитниот консултант Јанко Ценов, вели дека честопати времето е фактор кој ги притиска луѓето да посегнат по брз кредит, но за негова отплата може да се искористи потрошувачки кредит од банка, советуваат експертите.

Потрошувачките кредити од банките се со поповолни услови, но можно е банките да одбијат финансирање доколку не ги исполнувате барањата на политиката за ризик: на пример, заостанати долгови или неофицијален приход, вели Ценов.