Бум на Берзата, прометот за незавршената третина од 2018 г., уште сега е поголем од рекордната (во последните три) 2017-та година. Во минатата, 2017, година, според годишниот статистички билтен за периодот од јануари до декември 2017 г., беа истргувани хартии од вредност од вкупно 4.738.444.919,00 денари.

 

 

Во 2016 г., севкупниот промет, согласно годишниот статистички билтен за периодот во времетраење од јануари до декември 2016 г., изнесуваше 3.023.394.172,00 денари.

Во 2015 г., прометот, видно од податоците од годишниот статистички билтен за периодот во времетраење од јануари до декември 2015 година, беше во вредност од 2.660.494.514,00 денари.

Во 2018 година, прометот по месеци изнесуваше, согласно Извештаите објавени на сајтот на македонска берза за хартии од вредност АД Скопје (mse.mk), како што следи:

– Јануари беше 565.243.947,00 ден.

– Февруари беше 357.585.721,00 денари

– Март беше 3.481.460.355,00 денари

Во, некомплетниов, април досега прометот изнесува околу 372 милиони денари.