Во првите десет месеци од сега веќе минатата година, американските работници дале речиси 39 милиони откази, што е најголем број откако започнало водењето на овој вид евиденција, од 2000 година.
Генерално, некои сакаат подобри работни места. Други, подобар баланс помеѓу работниот и приватниот живот. Трети пак, бараат целосен одмор од корпоративната гужва. Две години по пандемијата која довела до тоа милиони да работат од дома, многу Американци го преиспитуваат односот кон работата.
Компаниите се борат да ги спречат вработените да заминат, при што менаџерите експериментираат со нови начини на работа, вклучувајќи ја и четиридневната работна недела и асинхрони распореди кои им овозможуваат на луѓето сами да си го одредат работното време.
Работодавачите велат дека согорувањето на работното место, дополнително влошено со пандемијата, е главната причина за заминувањето на работниците. Септемвриската анкета која ја спровел „Conference Board“, покажала дека повеќе од три четвртини од 1,800 американски работници навеле загриженост од стрес и согорување – како голем предизвик за благосостојбата на работното место, во однос на 55 %, колку што истакнале шест месеци претходно.
Половина изјавиле дека притисокот поврзан со работното место им штети на менаталното здравје.
Не е ретко вработените да искусат напад на паника, проблеми со спиење, полоша концентрација. Хроничната превработеност беше распространета и пред пандемијата, но по појавувањето на истата зела многу поголем замав.
Една од причните за тоа е што работодавачите во текот на 2020, па и 2021 година, очекувале работниците да бидат постојано достапни и дека се веќе „доволно привилегирани што работат од дома“.
Тоа се однесува и на милионите Американци, на кои распоредите им станувале се понередовни. Во истражувањето од 2021 година, 16 % од американските работници рекле дека работат повеќе од 60 часа неделно, во однос на 12 % во 2011 година.
Зголемената употреба на софвтери за сорботка како што се Slack и Microsoft Teams од страна на компаниите, се повеќе ги оптоварувала вработените со пингови и барања за разговори. Помеѓу феврурари 2020 и февруари 2021 година, времето поминато на состаноци на тимови се зголемило повеќе од дупло и продолжило да расте, покажуваат податоците на Мајкрософт.
Половина од луѓето во тимовите одговараат на разговрите за пет минути или помалку, рекле од компанијата, додека во 2020 година бројот на електронски пошти по работното време пораснал за 10 %. Помеѓу февруари 2020 и ноември 2021 година, бројот на пораки испратени преку Slack пораснал за 62 %.