На валутните пазари минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните три години, што е последица на ескалацијата на тарифната војна меѓу САД и Кина и повлекувањето на инвеститорите од американските државни обврзници.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 3 отсто на 99,78 поени, најниско ниво во последните три години.

Истовремено, курсот на еврото скокна за 3,6 отсто, на 1,1355 долари, највисоко ниво од февруари 2022 година.

Американската валута ослабе и во однос на јапонската за 2,3 отсто, па нејзината цена падна на 143,50 јени.

Остриот пад на курсот на доларот втора недела по ред е резултат на неизвесноста поради царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп малку ги најавува, малку ги одложува, а потоа ги зголемува на увозот од Кина, пренесе Хина.