ЕСМ: Компанијата постигна највисоко дневно производство во последните 10 години

2023-01-30 20:00

Компанијата постигна највисоко дневно производство во последните 10 години АД ЕСМ соопшти дека во текот на вчерашниот ден преку капацитетите со кои располага произвела 21.229 MWh електрична енергија, што претставува највисоко дневно производство во последните 10 години. Во моментот произведуваат сите електрани, односно вклучени...

Тева- решава неликвидност, а не е кредит!

2023-01-30 19:00

Денес ја споделуваме изјавата на – Сметководител Мартин Стојменов, изјава која ја потврдува потребата од ваков вид на платформа во Македонија, каде компаниите ќе имаат можност за краток временски период да стигнат до потребните финансии. Стартап компаниите најчесто се соочуваат со сериозни финансиски проблеми,...

Нови цени на градскиот паркинг во Охрид, ЈП „Билјанини извори“ со нови овластувања

2023-01-30 18:00

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ со нови цени за услугите што ги нуди и можност пајак службата да подига возила од паркинг простор со кој стопанисува претпријатието без присуство на сообраќајна полиција. Одлуката беше потврдена на денешната седница на Совет од мнозинството советници. Со новата...

Бочварски: Почнуваме проект од 400 милиони евра за железничката инфраструктура од Коридор 8

2023-01-30 17:00

Осумстотини милиони евра годинава се предвидени за капитални инвестиции, а преку 300 милиони се во ресорот транспорт и врски, рече министерот Благој Бочварски за време на годишната конференција „Година на нови можности“. -Очекувам завршување на патот Кичево-Охрид. Оваа година исто така очекувам да го...

КСС бара повлекување на предлог-законите за плати во јавниот сектор и за работни односи

2023-01-30 16:00

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара да се повлечат предложените закони за плати во јавниот сектор и за работни односи, со кои, според претседателот на КСС Благоја Ралповски, „се ќе биде ограничено и постоењето на синдикатите ќе нема никакво значење“. Наместо усогласување на платите,...

Брисел: Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники

2023-01-30 15:00

Речиси 40 отсто од онлајн-продавниците користат манипулативни техники за да ги наведат потрошувачите да донесуваат одлуки што не се во нивен најдобар интерес, покажува истражувањето спроведено од Комисијата и националните органи за заштита на потрошувачите од 23 земји-членки на ЕУ, како и Норвешка и...

Половина од Европејците со намален животен стандард!

2023-01-30 14:00

Новиот извештај на „Евробарометар“ покажува дека просечно 45 отсто од испитаниците во актуелниве околности се соочуваат со „неколку“ или „многу“ тешкотии, предизвикани поради нивните лични приходи. Резултатите истакнуваат дека на целиот Стар Континент владее „загриженост поради повеќеслојната долгорочна криза“… Истражување на „Евробарометар“: Што во...

Нови отпуштања во „Филипс“: Компанијата укинува уште 6.000 работни места!

2023-01-30 13:00

Холандската групација „Филипс“ објави дека ќе укине 6.000 работни места до 2025 година по загубите поврзани со повлекувањето на вентилаторите што се користеа за елиминирање на тешкотиите со дишењето за време на спиењето. Новите кратења на работната сила, опишани како „тешки, но неопходни“, се...

Поскапуваат горивата! Ова се новите цени!

2023-01-30 12:00

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на...

Николоски: Стапката на невработеност е намалена на 14,3%!

2023-01-30 11:00

Заменик-министерот за финансии, Филип Николовски во „Детектор“ на „Сител ТВ“ кажа дека во моментов имаме најниска стапка на невработеност во Македонија, која изнесува 14,3 отсто. Стапката продолжи да паѓа и покрај кризата која го зафати целиот свет, вели Николовски. Николовски смета дека според проекциите...