Почитувани,

Поради одредени измени во условите на кредитирање, ја реобјавуваме листата на најповолни позајмувачи на брзи онлајн кредити во Македонија.

За пример зедовме брз кредит од 12.000 денари со рок на отплата од 3 месеци и резултатите се следните:

  1. СН Финансии – рата 3.433 денари или вкупно враќате 10.300 или само 300 денари плус за 3 месеци
  2. М Кеш – рата 3.533 денари или вкупно враќате 10.600 денари или 600 денеари плус за 3 месеци
  3. Иуте кредит – рата 3.532 денари или вкупно враќате 10.597 или 597 денари плус за 3 месеци
  4. Кредисимо – рата 3.595 денари или вкупно враќате 10.785 или 785 денари плус за 3 месеци
  5. MoneyMax – не постои можност за кредит на 3 месеци, внимавајте, тоа не е добар знак за кредитор

Исто така, кај многу од кредиторите има појава на „барање жирант во рок од 3 дена“. Оваа појава е забележана и е тотално спротивна на добрата кредитна пракса и одговорното кредитирање. Некои од кредиторите го користат овој модел со што наплаќаат до 5.000 денари плус доколку во рок од 3 дена не обезбедите жирант. До нашата редакција се стигнати многу жалби по овој основ, како и договори и слики од овие работи, но ова е нешто што треба да се позанимава Министерството за Финансии.

Во прилог и слики од страните за апликација од каде ги црпевме податоците: ( и повторно ќе напоменам дека БанкоМетар.мк врши објективни, целосни и непристрасни анализи на финансиските продукти во Македонија ) :

  1. СН Финансии 10.000 денари со 3 месеци рок на отплата – транспарентно, читко и уредно наведено :

2. M Cash – уредно наведено, имаат нова интересна ТВ реклама, добра креатива

3. Iute Credit – уредно наведено, сите потребни информации дадени

4. Credissimo – некако хаотично, премногу информации, нејасни до крај кредитни понуди

5. Moneymax – нема опција за 3 месеци, значи ве лови на долги стази, што не е добро за Вас како потрошувач. Од страната не знаеш дали каучот се продава или глумецот чека прием кај својот психијатар

 

 

Како што можете да видете, почитувани читатели, дадени ви се скрин шотови во прилог од овие финансиски друштва и нивните страни за апликација, па можете една по една да ги проверите нивните понуди. За да не се мачите, ние, објективно, согласно нашата пракса го направивме тоа за Вас.

 

Следете го БанкоМетар.мк за објективни и навремени анализи од финансиската свера во Македонија.