Цените на златото би можеле да пораснат за 10 отсто до крајот на годината поради потенцијалното намалување на каматните стапки, објави Швајцарската банкарска корпорација УБС.

Златото, и покрај малиот пад на почетокот на 2024 година, сè уште се држи над границата од 2.000 долари за унца, а до крајот на годината би можело да се искачи на 2.250 долари бидејќи не треба да се потцени „моќта на пресвртот на американската централната банка“ во однос на каматните стапки.