Аналитичарите на стоки од „Голдман Сакс“ велат дека бакарот е новата нафта и предвидуваат пораст на цената на црвениот метал на 11.000 американски долари за метрички тон.

Тие ги објаснуваат своите прогнози за зголемувањето на цената на бакарот со забрзувањето на преминот кон „зелената“ енергија од фосилни горива и недоволното снабдување со овој метал.

Врз основа на очекуваниот скок на побарувачката и во услови на веќе оскудна понуда на пазарот во светло на пандемијата, Голдман Сакс сега проценува дека цената на бакарот ќе се искачи во просек на 11.000 американски долари по метрички тон во следните 12 месеци , пишува CNBC.

Според податоците на лондонската берза за метали, во средата се тргуваше со бакар по цена од околу 8.900 долари за тон.