Европските акции денес достигнаа максимум од една година, бидејќи акциите на рударските компании го следеа скокот на цените на бакарот, но и поради зајакнувањето на оптимизмот на пазарот во врска со пакетот мерки на стимулација на САД и очекуваното побрзо закрепнување на глобалната економија оваа година.

Пан-европскиот индекс STOX 600 порасна 0,7 проценти, поддржан од зголемувањето на акциите на Рио Тинто, БХП групацијата и компанијата Англо-Американ, бидејќи цените на бакарот скокнаа на највисоко ниво во повеќе од осум години, пренесува Ројтерс.

Според последните податоци на лондонската берза за метали, бакарот се тргува по 8.270,50 долари за тон, во споредба со декемвриското ниво од 8.024 долари.

Историскиот паричен и фискален стимул му помогна на STOX 600 да се опорави за 55% од падот на најниско ниво во повеќе од седум години во март 2020 година, но сепак заостанува зад американскиот S&P 500 поради продолжените мерки за заклучување воведени во Европа за контрола ширење на коронавирусот.

Акциите на банките и енергетските компании исто така растат, бидејќи таканаречената „трговија за обновување“ предизвика побарувачка за овие сектори, кои се рангираа послабо по почетокот на пандемијата на коронавирусите на почетокот на 2020 година

Зајакнувањето на акциите на енергетските компании ги зголеми цените на нафтата, кои достигнаа максимум од 13 месеци. Северноморската сурова нафта брент се зголеми за 1,4 проценти на 63,29 долари за барел, додека нафтата за американски WTI напредуваше за 1 процент, нешто над 60 долари за барел. Ова е нивно највисоко ниво од јануари 2020 година.

Повеќето европски берзи беа во пораст до 8:46 часот утрово по средноевропско време, додека азиските берзи минатата ноќ достигнаа рекордни вредности.

Оптимизмот на европските берзи го „поттикна“ и американскиот претседател Џо Бајден, кој во петокот им се обрати на група демократски и републикански локални претставници за помош во врска со неговиот пакет за поддршка на економијата и граѓаните, вреден 1,9 трилиони долари.

Обемот на тргување на берзите денес се очекува да остане слаб, бидејќи пазарите во Кина, Хонг Конг и САД се затворени поради националните празници.