Најпопуларната криптовалута, биткоинот, изгуби повеќе од 12 % од својата вредност за време на викендот – падот продолжи во текот на неделава, а од утрово се стабилизира цената на 55.487 $.

За време на азиската сесија цената падна од приближно 60.000 на 52.148 долари за само 15 минути, ликвидирајќи позиции во вредност од скоро 4 милијарди долари на пазарот на деривати.

Падот продолжи и вчера, но и утрово. Утрово, оваа криптовалута се тргува по цена од околу 54.000 долари, што е пад од околу 6% за 24 часа.

Иако точната причина за ненадејниот колапс е непозната, расположението на пазарот можеби се влоши поради гласините дека Министерството за финансии на САД планира да казни неколку финансиски институции за перење пари со криптовалути.