Цената на биткоинот повторно падна откако во саботата го достигна највисокото ниво од средината на јуни, поради оптимизмот дека пазарот можеби веќе го достигнал дното.

Криптовалутата падна за 2,4% во последните 24 часа минути пред 9 часот по наше време на 23.217 долари, според податоците на „CoinDesk”. Во саботата, биткоинот достигна вредност од 24.658 долари, највисоко ниво од 13 јуни. За цел јули, зголемувањето е 27%, што го прави најдобриот месец од октомври минатата година, кога беа забележани и последните рекорди, пишува „Bloomberg”.

Втората најпозната криптовалута, Етериумот ја намали својата вредност за 0,9% и достигна цена од 1.686 долари. За минатиот месец, неговото зголемување беше околу високи 70% – најдобро од јануари 2021 година.

Во јуни и јули цената на биткоинот падна под 20.000 долари поради загриженоста за растот на каматните стапки и инфлацијата, како и за проблемите на компаниите во овој сектор.

Биткоинот сè уште е далеку од рекордното ниво од 69.000 долари од ноември, но покажува знаци на сила наспроти некои економски показатели и монетарно затегнување.

„Криптозимата можеби е готова и тоа е она што е потребно за да се дозволи (паричните) приливи да се вратат назад во секторот“, коментира Едвард Моја, виш пазарен аналитичар во „Oanda”.