Повеќето корисници се одлучуваат за систем за греење на пелети со цел да се зголеми нивото на удобност што го обезбедува овој вид греење.Оваа година греењето на пелети поскапе. Ако минатата година вреќа од 15 килограми се продаваше по цена од 160 до 200 денари, сега тие се продаваат и над 300 денари.

Освен што цената на еколошките пелети станува недостижна за македонските граѓани, домашните производители на пелети и увозниците се жалат дека со оваа цена овој бизнис станува економски неисплатлив. Домашните производителите на пелети велат дека сега откако е поскапена индустриската струја нив една вреќа ги чини 270 денари и немаат интерес да продаваат. Производителите не очекуваат намалување на цената на пелетите оваа година.

ДДВ-то за пелетите беше намалено од 18 на 5 отсто, а за купување на печка на пелети власта дава и субвенции. Овие мерки на почетокот го привлекоа вниманието на граѓаните да се префрлат на овој тип на греење.Сега ситуацијата е многу поинаква. Граѓаните инвестираа во печки на пелети, а сега со покапените цени тешко кој ќе се грее. Голем број незадоволни корисници, веќе планираат да ги вратат старите печки на дрва поради пониската цена на дрвото. На тој начин печките на пелети полека го губат смисолот за економично и еколошко греење, а зимата која следи веројатно ќе донесе и нов бран загадувања.