Атрактивноста на имотите за купување се намалува !

Цените за изнајмување на станови на Менхетен, Бруклин и Квинс достигнаа историски врв во првиот квартал од оваа година, бидејќи повисоките даноци и загрижености за прегревање на пазарот за недвижнини ја намалија атрактивноста на имотите за купување, објави Фајненшл тајмс.

Жителите на Њујорк беа погодени од даночната реформа на претседателот Доналд Трамп, која постави ограничување од 10.000 долари за износот на американски и локални даноци што домаќинствата може да ги одземат од нивните федерални даноци.

Кириите во Менхетен се зголемиле со најбрза стапка од 2016 година, покажуваат податоците на агенцијата за недвижности StreetEasy. Во исто време продажните цени на становите во Менхетен се намалиле со најбрза стапка од 2010 година
“Оваа пролет сопствениците ќе имаат предност. Излегуваме од невообичаено конкурентна зимска сезона на становите за изнајмување, при што многу станарите се најдоа во послаба преговарачка позиција во споредба со претходните години “, вели Грант Лонг, виш економист во компанијата.

Продажба на станови на Менхетен е во застој поради елементите на презаситеност на пазарот со новоизградените луксузни домови кои се продаваат побавно. Многу потенцијални купувачи се вратија кон живеалиштата за изнајмување, ставајќи му крај на долгогодишниот период во кој цените на кириите во Њујорк се стабилизираа, а сопствениците предлагаа намалување на цените и месеци без плаќање на кирија, за да привлечат потенцијални станари.