Банката на Русија потсетува дека како одговор на западните санкции, владата веќе забрани продажба на хартии од вредност на странски инвеститори и повлекување средства од рускиот финансиски систем.

„Покрај тоа, исплатата на корпоративниот долг на руските компании и јавниот долг кон доверителите од земјите што ги поддржуваат санкциите против Русија ќе се врши само со дозвола на владината комисија.

Со други зборови, како одговор на замрзнувањето на дел од резервите на Русија, Русија воведе и ограничувања за движењето на средствата што би можеле да бидат префрлени во непријателските земји за споредлива сума“, се вели во соопштението на Банката на Русија.

Според руската централна банка, на 18 февруари меѓународните резерви на Русија достигнале рекордни 643,2 милијарди долари.