Шведската Централна банка или Риксбанк е првата меѓу развиените економии што воведе кризни каматни стапки и сега ќе биде првата што ќе ги зголеми тие стапки во текот на следните два месеци.

Одлуката на банката му пркоси на преовладувачкиот тренд во напредните економии, што се навраќа на монетарната политика позната како квантитативно олеснување, при што централната банка купува однапред одредени количини државни обврзници или други финансиски средства за директно интервенирање во економијата.

Велика Британија, Германија и Италија се на работ на рецесија, додека Шведска забележа негативен раст од -0,1% во вториот квартал од 2019 година. За разлика од Германија и Велика Британија, забавувањето во Шведска беше проследено со значителен раст на невработеноста.

Во декември 2018 година, Rixbank ја зголеми својата каматна стапка за прв пат во седум години и банката е решена да ја задржи својата економија на добар пат и покрај влошените основи, укажувајќи на силна инфлација близу до целта од 2%.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк