Јавни набавки договорани тајно. 

Државните институции во првите 6 месеци годинава склучиле договори во вредност од близу 8 милиони евра без да објават јавен оглас, покажува извештајот на Центарот за граѓански комуникации. Дури половината од нив ги склучило АД Електрани.

Меѓудругото во извешајот забележано е дека најчесто, во над 90% од случаите била применета електронската аукција што според Герман Филков упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.

Продолжува и праксата на пропаднати тендери. На огласите се појавува само една или ниедна компанија. Низ мониторингот забележано е често совпаѓање на проценетата вредност на тендерите со вредноста на понудите, што според Филков фрла сомнеж за претходно договарање меѓу набавувачите и фирмите-понудувачи.

Извештајот е изработен врз анализа на избран примерок од 60 постапки за јавни набавки спроведени од институции на централно и на локално ниво, во првите шест месеци годинава.