plataДоколку се подготвате за интервју за работа веројатно знаете дека едно од прашањата што сигурно ќе ви го постават е во врска со платата. Немојте да се збуните кога некој ве прашува колку очекувате да заработите и секогаш имајте на ум на следниве четири реченици.

Во никој случај, вашиот одговор не треба да биде, “Па, колку вие давате.” Бидете подготвени за оваа дискусија, особено по ова прашање, бидејќи кажува многу за вас и за начинот на кој се цените себеси. Не дозволувајте на крајот платата да биде многу помала отколку што очекувате или од она што го заслужувате.

1. Се гледа вашата пазарна вредност, а не индивидуалната

Вас треба да ве вреднуваат на начин на кој се вреднуваат другите луѓе во вашата бранша. Не е важно колку сте заработувале на вашата прва работа, или колку била вашата плата на предходното работно место. Вие имате пазарна вредност, исто како и вашата куќа или автомобил, односно пресметка за тоа каква работа работите и колку ефикасно ја вршите и допридонесувате за работодавачот. Значи, не гледајте на минатото или некои други мали нешта кои се ирелевантни. Вас треба да ве плаќаат според вашите способности, образование, вештини и така натаму.

2. Не е важно колку сте заработувале предходно

Кога продавате стар автомобил или велосипед никој не ве прашува колку сте го купиле. Едноставно купувачот оди на веб страна за користени автомобили и ги проверуваат цените, со цел да знаат колку да ви понудат. Кога продавате куќа, никој нема да ве праша колку вредела во 1997 година. Истото важи и со работа, нека работодавците ја гледаат вашата сегашна состојба.

Добар одговор на прашањето за претходната работа би бил да наведете некое пристојно ниво на плата и кажете дека го менувате работното место бидејќи сметате дека компанијата веќе не е конкурентна на пазарот. Можете да им кажете дека сте се рапрашувале за платите на таа позиција и дека сега се повисоки. Споменете бонуси и плаќање на прекувремената работа од претходната работа.

3. Научете да се каже “не” и ќе решите многу проблеми

Искусните преговарачи велат дека преговорите вистински не почнуваат се додека една страна не каже не. Додека некои забележуваат дека мора да се има разумно објаснување за да се каже не.

Кога ќе кажете не, продолжите да разговарате. Споменете дека и вие сте биле во позиција да вработите некој но дека сте имале проблеми со буџетот. Прашајте дали може да дадете некои предлози за тоа како да се добие повеќе средства од претпоставените за таа важна позиција. Прашајте дали лицата од секторот за човечки ресурси имаат улога во донесувањето одлуки за некоја плата. Распрашајте се дали има било какви бенефиции или бонуси кои ги поттикнуваат кандидатите за вработување на таа позиција.

4. Нема да добиете она што го заслужувате, туку она за што сте се избориле со преговорање

Нека вашите преговарачи видат дека имате став и дека се цените себеси. Дека сте свесни за вашите вредности и дека, меѓу другото, целиот свој живот сте работеле на себе само за се покажете на тие разговори. Немојте да бидите страмежливи, туку барајте колку што мислите дека вредите.