Земјите членки на ЕУ ги договорија деталите за повеќегодишниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, кој изнесува 1,074 милијарди евра. Полска и Унгарија силно се спротивставуваат и се закануваат со вето.

Земјите-членки на ЕУ, Европскиот парламент и Европската комисија денеска ги договорија деталите за повеќегодишниот буџет на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година, кој изнесува 1,074 милијарди евра. Ова е клучен чекор за активирање на пакетот за обнова во висина од 1,8 билиони евра за позелена економија и за дигитализација.

„Договор за Европа – преговарачите од Советот и Европскиот парламент постигнаа политички договор за буџетот на ЕУ и пакет за закрепнување“, објави на Твитер портпаролот на германското претседателство на ЕУ, Себастијан Фишер.

Договорот, за кој се преговараше речиси четири месеци, сега треба официјално да биде одобрен од владите на ЕУ и Европскиот парламентот. Ова може да предизвика нови несогласувања, затоа што договорот го поврзува пристапот до парите од ЕУ со почитување на владеењето на правото – услов на кој Полска и Унгарија силно се спротивставуваат, бидејќи тие се под лупа на ЕУ за нарушување на независноста на судовите и медиумите.

Закани за вето

Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати писмо до Европската комисија и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во кое се заканува дека ќе стави вето на буџетот од 1,1 билиони евра доколку врската помеѓу парите и владеењето на правото не се отстрани.

Но, високи функционери на ЕУ изјавија дека не се сигурни дали Унгарија би го сторила тоа, бидејќи со таквата акција пристап од парите ќе немаат сите 27 земји – членки  на ЕУ, како и Унгарија и Полска, кои имаат бенефит од финансиската поддршка на ЕУ.

Полска е особено меѓу најголемите приматели на директни средства од ЕУ за земјоделците кои се основно гласачко тело на владејачка националистичка партија ПиС. Ако Варшава или Будимпешта го блокираат буџетот, ќе престанат и  субвенциите за земјоделците.

„Ќе видиме дали некој ќе блокира нешто воопшто “, рече висок претставник на ЕУ.

Нови приходи

Договорот меѓу парламентот и владините преговарачи ги зголемува трошоците на ЕУ за здравство, образование и безбедност за 16 милијарди евра во споредба со договорот на лидерите на ЕУ во јули. Исто така, воспоставува нови, наменски приходи за касата на ЕУ, со кои блокот ќе може да врати 750 милијарди евра што планира да ги позајми за да помогне во закрепнувањето по пандемијата од Ковид-19.

„До 2026 година ќе имаме фонд со нови приходи што треба да бидат доволни за да се покријат трошоците за долгот на Фондот за наплата, со цел да нема  кратења на средства и програми“, рече еден од парламентарните преговарачи, Хозе Мануел Фернандес.

Во текот на следните недели, разговори меѓу пратениците на ЕУ и владите ќе продолжат со деталите за 750 милијарди планирани за задолжување, од кои 672,5 милијарди треба да се распределат меѓу владите како заеми и грантови врз основа на нивните национални планови за закрепнување, кои наведуваат разни проекти и реформи.